Гвардиола му „фрли око“ на бекот на Тотенхем

Манчестер Сити има потреба од лев бек, а на лето би можел да го ангажира од Тотенхем. Според информациите од Англија, изборот на Гвардиола паднал на Дестини Удоџи.

Граѓаните го ставија Италијанецот на нивната листа можни засилувања идното лето, со кои Сити ќе сака одново да направи шампионски тим, и да ја врати титулата на „Етихад“.

Трансферот нема да биде лесен за реализација, затоа што Тотенхем засега одолеваше на сите понуди за левиот бек, и нема така лесно да се одлучи да го пушти во друг клуб. Исто така на листата потенцијални засилувања за Сити е и Андреа Камбијасо од Јувентус.

Се вчитува...