Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
Рано утрово верниците од исламска веросипосвет забрзано секој во својата џамија во своето маало. Го слават празникот по завршување на постите кои траеја цел месец. Од Мустафа-пашината џамија во Скопје, оддекнуваа пораки за мир, љубов и благосостојба.
Тие кои дома не стигнале да земат абдес тоа можеа да го направат во џамијата бидејќи се смета дека намазот не се прифаќа, сé додека верникот не земе абдес.
Во џамијата речиси и да немаше место, беше исполнета со многу молитва, верници од сите генерации. Секој со своите желби но најмногу за мир и здравје.
Постот е божествена обврска, чин на силно верување и свест за посветеност кон Бога. нашите срца беа исполнети со верба и знаење, го подигнавме моралот, почитта, солидарноста, хуманоста, толеранцијата и мирот. Овој месец не охрабри да работиме за мирна, светла и позитивна иднина, рече Реисот на Исламската Верска Заедница , Х. Хфз. Шаќир Фетаи.
Рамазан нè учи дека постот е патот кон прочистување на душата и секој ден претставува можност за практикување на вредностите искреност, љубов и меѓусебна почит, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши. Порачува, по завршувањето на месецот на Рамазан, да бидеме со чисто срце и поподготвени да им помогнеме на сите оние кои имаат потреба, како и да придонесеме кон зајакнување на заедницата, толеранцијата и општествената хармонија.
Овој празник го симболизира крајот на светиот месец Рамазан. Празникот е можност за зајакнување на врските со роднините, за меѓусебно почитување и грижа за оние на кои им е потребна помош.