Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во задничка соработка со претставници од Здружение за родова еднаквост ,,Визија,, од Кавадарци, денеска реализираа превентивна активност под мотото ,,Стоп за родово базирано насилство'' а која активност е поврзана и дел од кампањата на МВР ,, БЕЗБЕДНО ЛЕТО 2023 год''.
Превентивната активност беше реализирана на градскиот зелен пазар во Кавадарци, при што преку непосреден контакт со граѓаните им беа презентирани видовите на родово базирано насилство, начинот на пријавување и справување со сторителите на ваков вид на дела како и информирање за институциите надлежни за соработка и давање на помош на жртвите од ваквиот вид на дела.
При спроведената превентивната активност на граѓаните им беше поделен и едукативен печатен материјал од оваа област.

Додади коментар