• среда, 16 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Спиропали: Македонците во Албанија продолжуваат да бидат горди чувари на својот јазик, традиција и култура

Спиропали: Македонците во Албанија продолжуваат да бидат горди чувари на својот јазик, традиција и култура

Дебар, 3 април 2025 (МИА) - Македонците во Албанија продолжуваат да бидат горди чувари на својот јазик, традиција и културно наследство, напиша на Фејсбук претседателката на Парламентот на Албанија, Елиса Спиропали, по средбата со Сефер Сефери, претседател на разгранокот на МАЕИ за Каваја, кој по потекло е од Голо Брдо.

-Каваја е дом на значителен број Македонци со потекло од областа Голо Брдо, кои низ генерации ја чуваат својата културна и национална припадност. Оваа посета е потврда за нивното место во албанското општество и значењето на нивниот придонес во локалната заедница, пишува во објавата.

Спиропали, како што наведува,  минала пријатни мигови и во друштво на пошироката  фамилија  на Сефери, за која  оценува дека е „приказна за успех, интеграција и напредок". 

Според неа, Сефери се сложна фамилија, која со својата работа во градежништвото ја зајакнале локалната економија, создале можности за вработување на жителите од околината и придонеле  за поразвиена Каваја. вт/дма/


Фото: Спиропали ФБ

Остани поврзан