14 Април, 2025
0.0284

НАДВОР ОД ДРЖАВАТА СЕ ЛЕКУВААТ 80 ПАЦИЕНТИ ПОВРЕДЕНИ ВО КОЧАНИ - пристигнаа и странски тимови

Објавено во: Македонија 03 Април, 2025 14:45

Добивај вести на Viber

Низ болниците во странство се лекуваат уште 80 пациенти повредени во страшниот пожар во дискотеката „Плус“ во Кочани. Ова го потврдија денеска од Министерството за здравство од каде исто така информира дека еден пациент од повредените лица од пожарот во Кочани, кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска се враќа во државава. 

Тој согласно протоколите, ќе биде задржан под 24-часовен надзор, по што ќе биде пуштен на домашно лекување, ако сите испитувања се во ред

Во нашата држава веќе се пристигнати и странски тимови кои ќе им помагаат на домшаните експерти во процесот на рехабилитација на пациентите.

- Со тоа, во странските медицински центри се третираат 80 пациенти, од кои двајца се третираат амбулантски, а нема промена во нивната состојба во однос на минатите денови. Инаку, во изминатото деноноќие на Клиниката за пластична хирургија е примен пациент кој е вратен од Грција и по неопходните испитувања, ќе биде пуштен на домашно лекување. Во моментов на оваа клиника се хоспитализирани тројца пациенти - појаснуваат од Министерството.

Изминатото деноноќие немало згрижени пациенти на Клиниката за токсикологија. Како што информираат, во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани тројца пациенти, а во „Свети Наум Охридски“ остануваат шестмина кои се хоспитализирани на одделение. На Клиниката за пулмологија се хоспитализирани двајца пациенти, додека во приватните установи останува непроменета состојбата со бројот на хоспитализирани пациенти.

- Пристигнати се и тимови од странство со големо искуство во областа на рехабилитација на пациенти со изгореници кои во моментов прават евалуација на просторните услови, апаратурата во неколку центри за рехабилитација на пациенти со изгореници. 

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за секој еден од пациент од повредените од несреќата во Кочани - се нагласува во денешното соопштение. 

Воедно две држави понудиле да пружат „посериозна и подолготрајна“ терапија за пациенти од пожарот во Кочани, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари.

- Два центри каде што работиме да биде рехабилитацијата на пациентите се: едниот Ковид-центар во ГОБ „8 Септември“ и вториот ќе биде Институтот за рехабилитација и физикална медицина во Козле. Тие ќе бидат два главни центри. Да се надеваме што помалку пациенти ќе има што ќе им треба подолготрајна рехабилитација. На тие на кои ќе им треба и посериозна и подолготрајна, веќе имаме понуди од две држави - информираше Таравари.

Доколку има многу тешки случаи, како што посочи министерот, „една од можностите е да ги испратиме во странски држави без да плати Фондот или Министерството за здравство“.

Можеби ќе ве интересира

ЈАКИМОСКИ СО НОВИ МЕРКИ ЌЕ ГИ „ЗАУЗДУВА“ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КАРПОШ: Еве што ќе преземе

ЈАКИМОСКИ СО НОВИ МЕРКИ ЌЕ ГИ „ЗАУЗДУВА“ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КАРПОШ: Еве што ќе преземе

КУЌЕН ПРИТВОР, ПРИТВОР, МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Судот во Кочани добил барања за 18 лица

КУЌЕН ПРИТВОР, ПРИТВОР, МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Судот во Кочани добил барања за 18 лица

КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ЗА ВЕЛИГДЕН? Еве што вели Попоски

КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ЗА ВЕЛИГДЕН? Еве што вели Попоски

ПОЧИНА И ЈАГУАРОТ ИНЕС: Скопската зоолошка градина на Фејсбук ја објави тажната вест

ПОЧИНА И ЈАГУАРОТ ИНЕС: Скопската зоолошка градина на Фејсбук ја објави тажната вест

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

КУЧИ СЕ ВРАЌА ДОМА, А ТОШКОВСКИ ГО ОЧЕКУВА: „Со првиот лет ќе бидам во Скопје“, рече Кучи

КУЧИ СЕ ВРАЌА ДОМА, А ТОШКОВСКИ ГО ОЧЕКУВА: „Со првиот лет ќе бидам во Скопје“, рече Кучи

„ЛУЃЕТО ВО ГЕРМАНИЈА РАБОТЕА, ТУКА ЗЕМАА ПЛАТА“: Уставната судијка Павловска Данева за балансерот и неговото укинување

„ЛУЃЕТО ВО ГЕРМАНИЈА РАБОТЕА, ТУКА ЗЕМАА ПЛАТА“: Уставната судијка Павловска Данева за балансерот и неговото укинување

ИСТРАГАТА ЌЕ ТРАЕ УШТЕ НАЈМАЛКУ ДВА МЕСЕЦИ: Коцевски вели 13 години ниеден инспектор од општина Кочани, не спровел проверка на објектот каде била дискотеката

ИСТРАГАТА ЌЕ ТРАЕ УШТЕ НАЈМАЛКУ ДВА МЕСЕЦИ: Коцевски вели 13 години ниеден инспектор од општина Кочани, не спровел проверка на објектот каде била дискотеката

ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ:Сите министри за економија – Албанци од претходните влади се виновни, но сите министри за внатрешни – Македонци во истиот период се ненадлежни?!

ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ:Сите министри за економија – Албанци од претходните влади се виновни, но сите министри за внатрешни – Македонци во истиот период се ненадлежни?!