ВИДЕО: Неспортскиот потег на Мбапе главна тема во победата на Реал над Алавес!

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Алавес со 1-0 во Виторија во натпреварот од 31. коло на шпанската Примера.

Избраниците на Карло Анчелоти одговорија позитивно на теренот по болниот пораз од Арсенал во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите и запишаа значајни три бода на своето конто во домашниот шампионат.

Сепак, триумфот во северна Шпанија најверојатно ќе остане во сенка на скандалозниот старт на Килијан Мбапе над Бланко, поради кој францускиот ас доби директен црвен картон и натпреварот го заврши уште во првото полувреме.

Победата на „кралевите“ ја обезбеди Камавинга, кој домашната мрежа ја затресе четири минути пред исклучувањето на Мбапе. Со денешните три бода Реал се врати на минус четири во однос на лидерот Барселона.