Хумористична серија „Чаршија“ веќе ја освојува дигиталната публика – оваа недела излегува 15-та епизода. „Чаршија“ е нова хумористична серија инспирирана од животот, ликовите и духот на Старата скопска чаршија. Чаршија не е само серија, туку жив организам. „Тука се преплетуваат култури, јазици и генерации – и сите се разбираат“ – вели Сибел Абдиу, креатор и режисер на серијата. Оваа недела излегува 15-та епизода од 36-те епизоди превдивени за ...
Форматот е составен од кратки епизоди од 3–5 минути, наменети за дигитални платформи, снимани директно во срцето на Чаршијата во студио изградено во самиот нејзин центар. Преку хумор и човечки приказни, „Чаршија“ ја прикажува мултикултурноста, занаетчиството и урбаните менталитети кои живеат едни покрај други во овој најстар и најавтентичен дел од градот. Во серијата настапуваат познати актерите Борче Начев, во улога на Ристо берберот, Жаклина ...

