Весникот наведува дека Бринк поднела оставка „поради растечките политички разлики со администрацијата на претседателот Доналд Трамп“.
Според извори, нејзиното заминување се должи и на влошувањето на работните односи со украинскиот претседател Володимир Зеленски, иако тоа не било причината за нејзината оставка.
Луѓето запознаени со одлуката на Бринк да поднесе оставка велат дека таа била под зголемен притисок од високи функционери на администрацијата на Трамп кои ја доведувале во прашање нејзината подготвеност да ја поддржи нивната стратегија за Украина.
Портпаролката на Стејт департментот Тами Брус потврди дека Бринк ја завршува дипломатската мисија во Киев и се враќа во САД.
„Таа беше амбасадор таму три години, тоа е долго време во борбена зона“, рече таа.
Бринк беше назначен за амбасадорка во мај 2022 година, за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден.
Изворите велат дека заменик-помошникот државен секретар за Источна Европа, Крис Смит се смета за нов американски амбасадор во Украина.
Смит претходно беше заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Киев од 2022 до 2023 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата