Пандов: Во некои затвори над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани

Од:

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов смета дека проблемот со телефоните, дрогата и останати недозволени работи по затворите може да се реши, но само доколку има казнивост за корумпираните затворски полицајци, кои според негови проценки, во некои затвори се и над 50 проценти.

– Имаме работа со вмрежена група на вработени по затворите и затворениците. Ако успееме дел по дел да ги отстраниме корумпираните во затворскиот систем, можеме да го решиме проблемот со телефоните, дрогата и со другите недозволени предмети. Се додека ги имаме нив и додека тие сметаат дека неказниво може да поминуваат, ќе имаме и телефони, и дрога, и недозволени предмети, рече Пандов на денешната прес-конференција во Владата.

За споредба посочи дека кај нас за девет месеци се најдени околу илјада телефони, додека во Хрватска во 2023 година само 26 мобилни телефони, а во Косово 51 телефон во 2024 година.

– Иимаме наследено исклучително корумпиран систем, но она што радува е дека има силна желба да се справиме со тој криминал, рече Пандов.

Во однос на тоа дали е подобро да се стават блокатори како решение за мобилните телефни, Пандов рече дека проблемот е во тоа што денес најголем дел од затворите се опкружени со објекти и доколку се стават блокатори, ќе бидат блокирани и телефоните на граѓаните кои живеат или работат во овие објекти.

– Во Хрватска нема блокатори и нема телефони. Мене ме уверуваат сите кои се долги години во затворскиот систем дека нема подобра работа од правење претреси, рече Пандов.

Информираше дека се завршени и сите процедури околу алките за затворениците и очекува во наредните неколку недели да бидат ставени во функција, а денес е добиено и одобрување од Министерството за финансии за вработување на 171 лице од кои најголем дел се за затворски полицајци.

Би можело да ве интересира

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Катастрофални услови, пренатрупаност и и лоша здравствена заштита во македонските затвори

ВИДЕО: Полицајци му помагале на затвореник да си ја најде дрогата, лажеле дека бараат „часовник кој му го зела кучката Цеца“

Се апсат поранешни припадници на затворската полиција, меѓу уапсените е и екс директор на „Шутка“

Горан Наумовски

Пандов: Има дел затворски полицајци во Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем

Синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до Пандов

Катерина Ѓуровски