По триумфот на првиот меѓусебен натпревар од 1-2 на гостински терен против Копенхаген, фудбалерите на Челси славеа со 1-0 и пред своите навивачи на реванш дуелот во осминафиналето од Конференциската лига.
Творец на победата на Челси беше Тирнан Хол, доволна за место во четвртфиналето.
Меѓу осумте најдобри е и Фиорентина по триумфот од 3-1 над Панатинаикос, откако првиот меч во Атина заврши со триумф од 3-2 на Грците. Мандрагора во 12. минута донесе предност а Гудмондсен во 24. минута зголеми на 2-0.
Кин во 75. минута зголеми и на 3-0, а гостите до крајот единствено го ублажија поразот.
Во четвртфиналето е и Бетис по убедливата победа од 0-4 на гостувањето против Виторија Гимараеш. Првиот меч заврши без победник, 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА