Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа договор за заедничка подготовка за идни пандемии по повеќе од четири години преговори, соопшти денеска организацијата.
-Земјите-членки на СЗО направија големи чекори напред во нивните напори да го направат светот побезбеден од пандемии. Ова е историски договор за здравствена безбедност, еднаквост и меѓународна солидарност, се вели во соопштението.
Предлогот ги наведува мерките за спречување идни пандемии и глобалната соработка во одговорот на епидемии. Тоа е правно обврзувачки пакт чија цел е зајакнување на одбраната на глобалното население од вирусот, откако милиони луѓе починаа за време на пандемијата Ковид-19 помеѓу 2020 и 2022 година