📸 ДУИ: На јавна сцена денес ќе ни биде демонстрирана моноетничката коалиција чија основна цел е да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка, во моноетничка демократија

од Даниел Ѓорѓиевски
36 прегледи

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) денеска преку објава на Фејсбук упати силни критики кон политичките актери кои, според нив, се обидуваат да ја трансформираат Македонија од мултиетничка во моноетничка држава.

ДУИ предупредува дека денешната политичка средба на одредени партии претставува обид за институционално исклучување на Албанците од процесот на одлучување. Според партијата, иако во јавноста ќе бидат претставени различни теми.

„Предупредувањата на Демократската Унија за Интеграција денес во 14 часот ќе добијат облик. На јавна сцена денес ќе ни биде демонстрирана моноетничката коалиција, чија основна цел е да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка во моноетничка демократија. Иако на јавноста ќе ѝ бидат презентирани поинакви точки, дозволете да ви го презентираме дневниот ред на денешната средба кој нема да го видите во јавноста. Точка 1: Неказнивоста. Како да не одговараат? Каков правосуден систем им треба за да можат да продолжат да се напаѓаат во јавноста, но суштински да се заштитат меѓусебно дури и кога во прашање ќе дојдат трагедии како онаа во Кочани? Точка 2: Како да се отстранат Албанците од политичко-економските одлуки и од сите нивоа на власт во државата, и потоа да се држат на периферијата на општествените текови“, стои во реакцијата на ДУИ.

ДУИ тврди дека овој план потекнува од договорот Мицкоски-Заев, направен пред три години, поддржан од олигархиски структури, а неговата реализација веќе е во тек преку:

„Овој план не е нов, туку е скорен пред три години преку ноторниот договор Мицкоски-Заев посредуван од олигарси пред сѐ како заштитен чадор за транзициската олигархија во земјава. Планот веќе се реализира преку укинувањето на Балансерот, моноетничкото одлучување на Уставниот суд, но и отстранувањето на Албанците од голем број високи позиции во државната управа. Треба да се напомене дека реализацијата на овој план е невозможна без да се пронајдат „чесните Албанци“ кои треба да обезбедат лажна легитимација за мултиетнички консензус на ова политичко преструктуирање“, реагираат од ДУИ.

Партијата упати повик до сите албански политички и општествени чинители, вклучително и коалицијата ВРЕДИ, да не дозволат да бидат дел од оваа иницијатива и јасно да се спротивстават на, како што велат, „обидот за целосна дисквалификација на Албанците од општествените текови“.

„Го повикуваме целит политички и неполитички спектар на Албанците во државава, вклучително и лидерите на коалицијата ВРЕДИ, заедно или секој посебно, да изразат јасен и гласен револт против овој обид за реструктуирање на државата и да не дозволат да бидат вовлечени во планот за целосна дисквалификација на Албанците од општествените текови“, завршуваат од ДУИ.

Слични содржини