Економија

АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО СЛЕДНИТЕ 30 ГОДИНИ ЌЕ ЗАБАВИ ПОРАДИ ВИСОКИОТ ДОЛГ И НАМАЛЕНИОТ НАТАЛИТЕТ

28.03.2025

Економскиот раст на САД значително ќе забави во наредните 30 години, поради високиот јавен долг и падот на наталитетот, соопштија од Канцеларијата за буџет на американскиот Конгрес (ЦБО).

Во извештајот на Канцеларијата за буџет за економските перспективи за временскиот период од 2025 до 2055 година се предвидува јавниот долг да достигне 156 отсто од БДП во 2055 година. Тоа е помалку во однос на претходните проекции  кога беше предвидено дека овој процент ќе изнесува 166 отсто од БДП.

Помалиот наталитет исто така ќе значи дека САД стануваат зависни од имигрантите кои придонесуваат за одржување на економскиот раст. Без приливот на имиграцијата, населението во САД би почнало да се намалува од 2033 година, се наведува во извештајот.

Намалувањето на бројот на жителите  може да има негативни последици за економијата, бидејќи економскиот раст  зависи од зголемување на работната сила и нејзината продуктивност. Помалиот број на жители  ќе предизвика намалување на животниот стандард  и потешкотии во отплатата на долговите, како и за финансирањето на разните социјални програми, кои зависат од даноците за плати, пренесува Н1.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО