Гостивар раскина со уште еден играч, замина крилото Алдаир

Екипата на Гостивар незадоволна од резултатите продолжи да менува играчки ростер и се раздели со трето име среде сезона.

По поразот од Воска Спорт, член на клубот повеќе не е крилото Алдаир Џало. 33-годишниот играч од Гвинеја не ги оправда очекувањата кај раководството, одигра 23 меча на кои даде четири гола со уште три асистенции.

Пред Алдаир, од клубот си заминаа и Костандин Чешмеџиев и Марко Симоновски. Нема да е исклучена можноста од Гостивар да раскинат договор со уште некој играч до новото коло.