Ја ранил снаата со воздушна пушка во семејниот двор

На 17.03.2025 во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Р.(46) од с.Порој, тетовско. Тој бил пријавен од Ќ.Р.(50) од с.Порој, сопруга на неговиот брат, дека истиот ден околу 13.00 часот во дворот на нејзината семејна куќа од невнимание ја повредил на рамото со воздушна пушка, по што ја пренел во Клиничка болница Тетово.
Тој бил задржан во полициска станица и од него биле одземени пневматска пушка „Гамо“ калибар 5,5 милиметри, дозвола за оружје на негово име и една железна кутија со дијаболи. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зградата на Општина Прилеп е ДИВОГРАДБА! –…
*Објава на Фејсбук на Зоран Милошески: -…
Прегазен пешак во Скопје, возачот побегнал
Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје…
(Видео) Тошковски за година дена не успеа…
Веднаш по доаѓањето на функцијата технички министер…
Бошковска: Младите од Кочани страдаат од панични…
Откако трагедијата во Кочани ги потресе локалните…
Ова е таа селективна праавда? Зошто актуелни…
24 лица се во притвор, 30-тина се…