Маја Шупут (45) моментално престојува во Дубаи, од каде редовно се огласува на социјалните мрежи.
Сега, пејачката објави фотографии на кои позира во костим за капење со кои ги „распамети“ сите.
Имено, Маја многу се грижи за својот физички изглед, а сега позираше во едноделен костим за капење кој одлично ги истакна нејзините бујни облини.
На фотографиите нејзините витки нозе беа во преден план, а коментарите за нејзиниот изглед не запираа.