Барса по седум години загуби во Шпанија и тоа од истиот противник!

Екипата на Гранољерс го приреди најголемото изненадување во АСОБАЛ лигата оваа сезона, затоа што извојува победа над моќната Барселона, и тоа на гостински терен. Натпреварот од 23. коло од шпанскиот ракометен шампионат заврши со историско славје на гостинскиот тим од минимални 30-31. Ова е прв пораз на каталонскиот гигант оваа сезона, а интересно е тоа што последниот го запиша од истиот противник во 2018 година.  

Гранољерс го големата победа стигна по одличното второ полувреме. Во првите триесет минути Барса имаше предност од два гола (18-16), но гостите покажаа квалитетен ракомет во вториот дел и на изненадување на ракометната јавност го совладаа големиот шампион. 

Со овој триумф Гранољерс се зацврсти на втората позиција на табелата со 34 бода, но е далеку од лидерот Барса, кој има десет бода повеќе.