Американскиот режисер Пол Шрадер (78) е обвинет за сексуален напад врз неименувана 26-годишна поранешна асистентка, како и за отпуштање од работа кога таа го одбила, објави денеска „Гардијан“.
Поранешната асистентка поднесе тужба против Шрадер и неговата продукциска куќа пред судот во Њујорк, барајќи наредба од судијата за спроведување на спогодбата за вина, која Шрадер првично ја прифати, а потоа се предомисли.
Условите на таа спогодба, вклучително и паричната исплата, не беа откриени, но поднесувањето на тужбата откри досега непознати наводи против Шрадер.