08.04.2025 08:53
Македонија

Дино Имери: Сара на шега велеше дека била сопруга на Бетовен

На Факултет за музичка уметност во Скопје денеска се одржа комеморација за Сара Пројковска, вонреден професор во оваа високообразовна уметничка институција, чиј живот згасна на 47 години во пожарот во дискотеката во Кочани, каде таа настапуваше на 16 март, како придружен вокал на групата ДНК.

Сара имаше заразна насмевка која преминуваше на секој со кој зборуваше зашто доаѓаше од нејзината душа, а сите колеги знаеја дека на шега кажуваше дека била сопруга на Бетовен во претходниот живот.

Ова го кажа пијанистот Дино Имери, кој со Пројковска заедно ја извеле Симфонијата бр.2 – став 2 од Бетовен во истата сала каде се одржа комеморацијата.

Тоа дело Имери го изведе пред присутните на комеморацијата.

  • Сите оние кои имаа задоволство да ја сретнат, да ја запознаат, нема да можат да ја заборават нејзината насмевка, нејзиното смеење, кое што беше толку заразно што не можеше кај соговорникот да не измами насмевка. Оние што подобро ја познаваа , знаеја дека тоа смеење доаѓаше од душата. Беше вистинско и афтентично. Сите ние , нејзини колеги, знаевме и знаеме дека нејзиниот најголем идол беше Бетовен. Често пати на шега и на смеа знаеше да каже дека била сопруга на Бетовен, во некој друг живот. И дека го носи и отсликува она што таа внатре, во себе го чувствува на најдобар начин. А, тоа е вечната борба на Бетовен. Раѓањето и смртта се само точки во физичкиот свет. Онаму каде што Сара успеа да не поттикне и кај што е сега, е над овој свет, кажа Дино Имери, пијанист.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова “бура” во 6-тата Управа на МВР- суспендирана началничка која си пишала 600 евра бонус иако според МВР не ги исполнила условите

Дејан Дејан

Joвановиќ: Берзите вртоглаво паѓаат, што значи дека штетата што ќе ја предизвикаат може да биде многу поголема од самите царини

Дејан Дејан

Трагедијата во Кочани зема уште една жртва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе