Перински убеден: Имам амбиции да бидам градоначалник на Скопје

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2025
Министерот за локална самоуправа Златко Перински во синоќешното интервју за „Клик плус“ на ТВ 21, експлицитно потврди дека има амбиции да биде иден градоначалник на Скопје како кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешниот директор на Водовод и канализација - Скопје, познат уште и по фамозниот конфликт со актуелната градоначалничка Данела Арсовска, вели дека има многу визии за главниот град, но дека за тоа се и важни околностите во кои ќе се носи одлуката при избор на кандидатот за градоначалник.
- Јавно ја искажав мојата амбиција за градоначалничкото место, но сепак, треба да му дадеме шанса на времето. Да видиме што ќе се случува во иднина, сепак, и околностите се важни во кои ќе се носи одлуката. Верувам дека предлогот кој ќе се даде од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, до извршните тела во рамки на партијата ќе биде најсодветното решение и секако сум убеден сум дека тој предлог кој и да е, ќе биде идниот градоначалник на Скопје. Во моментов навистина уживам во она што го работам, се трудам да го дадам максимумот, а да оставиме да видиме каква ќе биде одлуката на партиските тела па да видиме што ќе се случува, рече Перински
Тој кажа и дека има многу визии за главниот град и оти на Скопје му е потребна долгорочна стратегија за развој.
- Скопје како град го зафати сивило, не сум видел насмевка на лице на ниту еден скопјанец и тоа е од многу фактори. А, ако тргнеме од елементарните како што се загадување, јавен превоз, одлагање на смет, тие се во делот на политиката, ние немаме нормален живот во Скопје. Немаме културен настан не се сеќавам од кога. Имаме културни домови во општините кои зјаат празни, немаат програми, немаме случувања за пензионерите, за повозрасните, за најмалите. Ако немаме трговски центар во сабота во зима немаме каде да отидеме, вели Перински.
Според него, квалитетот на живот во Скопје е доведен на најниско можно ниво. Затоа смета дека веќе не може да се планира за еден четиригодишен мандат, туку на Скопје му треба долгорочна стратегија од најмалку 20 години, по примерот на големите светски метрополи
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осуди и барање Димитриеска-Кочоска да се извини на Славјанка Петровска откако ја навреди на седница

ПОРАКА ОД БРИСЕЛ ДО МАКЕДОНИЈА: Акциите се погласни од зборовите

КРИВИЧНИ ЗА ДЕСЕТ ЛИЦА: Поранешен директор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

ЛЕВИЦА ГИ ОСУДИ НАВРЕДИТЕ НА КОЧОСКА КОН ПЕТРОВСКА: Подли, мизогини и недостојни изблици на вмровските политичари
ВМРО-ДПМНЕ: Петровска повторно избра да игра на картата на жртва

СДСМ БАРА ИЗВИНУВАЊЕ: Кочоска ја навреди Славјанка дека нема право да зборува за семејства бидејќи нема деца
МИЦКОСКИ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Видете што ќе се случи за неколку месеци, а ако грешам, ќе се извинам

„Дадовме шанса, но освен внатрешна пресметка со неистомисленици, друго не видовме“: Мицкоски за Коцевски
