Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со победа над Тиквеш стартуваше во плеј-офот

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 27:32 (15:16)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер отпатуваа од Битола во Кавадарци како фаворите против Тиквеш на стартот на плеј-офот и се вратија со првите плеј-оф бодови, откако победија со 27:32, полувреме 15:16.

Еурофарм Пелистер подобро играше на стартот на натпреварот, а само по 10 минути игра Египќанецот Мамдух заработи директен црвен картон. Но и после тоа Еурофарм Пелистер играш добро и на одмор замина со гол предност 15:16. Во овој дел од натпреварот капитенот Филип Кузмановски беше лидер на тимот и постигна 8 гола.

Еурофарм Пелистер започна со добра игра и во вториот дел, а по десетина минита имаше +3 (18:21).  Филип Ивиќ одбрани неколку топки, а потоа беше и +5. Потоа се беше лесно, а а Еурофарм Пелистер покажа кој е лидер на табелата и фаворит за титула, победувајќи на крај со 27:32.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со 12 гола.

Битолските судии Михајло и Методија Илиевски го судеа натпреварот, а ќе им судат на Еурфарм Пелистер и на натпреварот во недела во Охрид.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »