УАПСЕН ЖИТЕЛ НА ЦРНИЛИШТЕ ОТКАКО ПУКАЛ СО ПУШКА И ПИШТОЛ - МВР трага по уште едно лице (ВИДЕО)

Објавено во: Македонија 06 Април, 2025 10:38
Лишено од слобода е едно лице, по друго се трага, во врска со пукањето објавено на социјалните мрежи, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи.
Во текот на вчерашниот ден, врз основа на споделен видео-запис на социјалната мрежа „Фејсбук“, а поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело, полициски службеници извршиле претрес во село Црнилиште, општина Долнени, во домот на Џ. Ќ., на 51-годишна возраст.
- При претресот, пронајдени се три парчиња оружје што ги поседува со дозвола и тоа: полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видео-надзор инсталиран во домот - појаснуваат од МВР.
Пронајдените предмети биле одземени поради сомнение за извршено кривично дело.
- Утврдено е дека лицето, оружјето го поседувало со дозвола и истото привремено е одземено, по што ќе следи постапка за одземање на дозволата за оружје. Џ. Ќ. е лишен од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на неговиот син А.Ќ. и за расчистување на случајот, истакнуваат од МВР.
Снимката од пукањето ја сподели и МВР, може и сами да ја видите на линкот.
Фото: Министерство за внатрешни работи
Можеби ќе ве интересира
КОЦЕВСКИ: Стигна одговорот од Бугарија за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ

ТАРАВАРИ: Алијанса на Албанците дефинитивно на локални оди сама со свои кандидати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсени уште седум полицајци за пожарот во Кочани

СРЦЕ СО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ И РОЗИ: Затворот во Шутка им оддаде почит на загинатите во Кочани

(ВИДЕО) МАКЕДОНИЈА И ОАE ПОТПИШАА ДВА ДОГОВОРИ: За какви соработки станува збор?

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Коцевски кажа дека уште седум лица ќе бидат приведени

ДОБИЛЕ ТЕЛЕФОНСКА ПРИЈАВА ЗА СИЛУВАЊЕ И НЕ ПРЕЗЕМАЛЕ МЕРКИ: Кривични пријави за социјални работници од Македонски Брод

СПОМЕНИК ВО ЧЕСТ НА ПРОГОНЕТИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА: Некој ја одзел плочата во паркот „Жена борец“

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДИСКРЕЦИСКАТА МОЌ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ ПРИ УНАПРЕДУВАЊЕ - антикорупционерите бараат законски измени
