Хрватски нисколигаш доби ултиматум од премиерлигаш и го промени грбот!

Фудбалскиот клуб Јадран-Галеб мораше да го промени својот амблем откако доби ултиматумот од англиски премиерлигаш. Јадран-Галеб од Колединец и Кузминец, кој се натпреварува во третата регионална лига на Копривница-Крижевци, доби ултиматум од англискиот Брајтон во декември минатата година.

Хрватскиот нисколигаш користеше лого со галеб слично на она што го има Брајтон, но сега мораше да го отстрани поради притисокот од англискиот премиерлигаш. На својата фејсбук страница, клубот објави дека го сменил својот грб:

„По долго време и разгледувајќи ги сите опции за амблемот, се одлучивме за дизајнот на нашиот пријател од Аргентина, Родриго Луке“, велат од Јадран-Галеб

Клубот Јадран е основан од мештаните на Кузминац во 1947 година по патувањето на Јадранското море, што во тоа време беше вистинска реткост.