Приведен угостител поради лажни противпожарни сертификати

Приведен сопственик на угостителски објект од Гостивар, картонот за сервисирање на противпожарни апарати не е оригинал.

-На 03.04.2025 во 17 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Р.(70), сопственик на угостителски објект од Гостивар.

Во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување-Скопје, била извршена контрола на противпожарните апарати во угостителски објект во Гостивар, при што било утврдено дека картонот за сервисирање не е оригинал. Б.Р. е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.