22.04.2025 21:51
Вести Македонија

КОД: Екс премиер уште тужи новинарка убиена пред 8 години на Малта

Главните осомничени се пуштени од притвор, а екс премиер уште води граѓанска постапка за клевета против новинарката Дафне Каруана Галиција која беше убиена во Малта пред речиси 8 години поради истражувања за корупција во највисоките ешалони на власта, вели во интервју за КОД, синот на убиената, Метју Галиција.

Истрагата за убиството со подметната бомба во автомобилот на новинарката и судските процеси се уште траат, а досега само директните извршители ја признаа вината додека организаторите се уште се на слобода.

Целото интервју вечерва во КОД. Во емисијата и анализа за последиците кои укинувањето на помошта од УСАИД и промената на американската политика имаат големо влијание врз женските права, правото на репродуктивно здравје и врз родовата еднаквост.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството го оформи предметот по бурните реакции за токсичната прашината од РЕК Битола

Дејан Дејан

Поради израелската блокада во Појасот Газа нема вакцини против детска парализа

Дејан Дејан

По велигденското примирје Русија за едно деноноќие фрли 130 бомби и 77 дронови врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе