• Горан Упале

Данска одново покажа моќ и преку Хрватска (26-32) го освои четвртото светско злато во низа, што претставува апсолутен рекорд во светскиот ракомет.
Доминацијата на Данците започна пред осум години и толку време се без пораз на планетарните собори. Страшна серија сега изнесува 37 натпревари без пораз на Светските првенства. Имаат 36 победи и едно реми во последните четири Мундијали. Последниот пораз на едно Светско првенство, Данците го доживеаја во 2017 година во осминафиналето од вечерашниот ривал Хрватска.
Данска овој собир го заврши со максимален број победи – девет, од кои дури седум беа со двоцифрена предност. Само вечерва против Хрватска и против Чешка не славеа со десет и повеќе гола разлика.
И сето ова го забележаа без својата најголемата ѕвезда во историјата, Микел Хансен, кој по олимпискиот турнир во Париз замина во пензија.