Трагедијата во „Пулс“ во Кочани, во која на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а речиси 200 беа повредени, одамна престана да биде само локална несреќа – таа стана огледало на начинoт на кој државата ги меша политиката, безбедносниот бизнис и судството. Во тој мозаиκ денес уште појасно испливува името на Александар Нацев, поранешен функционер и кадар на ВМРО-ДПМНЕ, универзитетски професор и безбедносен експерт, кој формално стана 35-тиот ...

За трагедијата во Кочани по вчерашниот старт на судењето се обвинети 36 и три правни лица, откако обвининето за Александар Нацев, вистинскиот газда на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, која ја обезбедуваше т.н. дискотека “Пулс“, се спои со главното. На критичниот ден, тројца лиценцирани и еден нелиценциран вработен биле задолжени за обезбедување на објектот, без претходна безбедносна проценка, без проверка на сигурносните услови, излези и ...