Топлото време не мами да размислуваме за летен одмор, а некои веќе и го стартуваа омилениот период од годината.
Како дестинации најчесто ги одбираме нашите соседи и околните мориња, а Хрватска е место број еден за многумина.
И токму тука, односно на островот Дуги Оток, се наоѓа еден еко-ресорт, наречен Villa Nai 3.3.
Станува збор за луксузен ресорт којшто со години се наоѓа на светските листи помеѓу најдобрите сместувања.
Се наоѓа во близина на стогодишен маслинарник, а она што по што најмногу се истакнува е неговата градба која е во согласност со природата.
Вилата се состои од соби за гостите, простор за производство на маслиново масло и место за дегустација.
Гостите на располагање имаат пет делукс соби и три делукс апартмани. Секој од нив има своја тераса и ентериер што сосема се совпаѓа со опкружувањето.
Освен тоа ресортот располага со внатрешен базен, велнес и спа зона со сауни и третмани базирани на производи од маслинки.
Вистинско уживање за сите сетила.
Фото: Booking, instagram