09.04.2025 10:18
Вести Најважни Свет

Пет години забрана за кандидирање за јавна функција – Ле Пен прогласена за виновна за проневера на европски пари

Забрана за кандидирање за јавна функција во наредните пет години, затворска казна во траење од четири години од кои две се условни и парична во висина од 100.000 евра. Ова е пресудата на судот во Париз за лидерката на француската крајна десница Мари ле Пен која е прогласена за виновна за проневера на 2,9 милиони евра, средства на Европскиот парламент. Според обвинителниот акт со кој беа опфатени и 24 нејзини сопартијци, парите биле пренасочени за плаќање на лица кои работеле за нејзината партија „Национален фронт“ во периодот од 2004 година до 2016 година. Судот ја отфрли претпоставката за административна грешка, истакнувајќи дека станува збор за злоупотреба спроведена во систем за намалување на трошоците на партијата.

Ле Пен не чекаше да ја дознае пресудата на судот во Париз. Уште пред да биде соопштена, таа стана и ја напушти судницата, а потоа излезе и од зградата. Лидерката на екстремната десница во Франција негира дека таа и нејзините сопартијци сториле некакво дело и тврдеа дека средствата биле законски користени. Според претседателот на „Националниот фронт, пресудата е неправда која не ја погоди само Ле Пен, туку со неа е убиена француската демократија. За вечерва во 20 часот е најавено ТВ гостување на Ле Пен.

Со ваквата пресуда, Ле Пен ќе биде оневозможена да се кандидира на изборите во Франција во 2027 година кои, како што најави, ќе бидат последен нејзин обид да стане претседател на Републиката. За обвинителите рече дека бараат нејзина „политичка смрт“, тврдејќи дека во тек е завера за „Националниот фронт да ја преземе власта во Франција.

Таа досега трипати се кандидираше за претседател на Франција, двапати против актуелниот шеф на државата Емануел Макрон. И во двете изборни трки завршуваше на второто место. На европските избори лани, Националниот фронт се наметна како најпопуларна француска партија, освојувајќи 31 отсто гласови и 30 од вкупно 81 пратенички мандат за Франција во европскиот парламент.

Првата странска реакција по пресудата за Ле Пен стигна од Будимпешта. Унгарскиот премиер Виктор Орбан се огласи на платформата „Икс“ со порака „И јас сум Марин“ за поддршка на лидерката на „Национален фронт“. Поддршка за Ле Пен упати и крајниот десничар Матео Салвини, потпретседател на италијанската влада. За Москва, пак, пресудата за Лен Пен е „кршење на демократските норми“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во северна Кина

Дејан Дејан

ССМ повикан на средба во Влада, дознава Телма

Дејан Дејан

Пресудата за Пајазити на увид пред Судски совет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе