Не сум сигурен дека САД воопшто треба да трошат нешто за НАТО, рече новиот американски претседател, чија земја за одбраната финансира 16 проценти од годишните расходи на 32-члената алијанса и има најголемо учество од 3,5 милијарди долари.
-Ние ги штитиме нив, тие не не штитат нас. Не мислам и не сум сигурен дека ние треба да потрошиме нешто, но ние секако треба да им помогнеме, но тие треба да ги зголемат трошоците од 2 на 5%. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Првиот човек на НАТО, Марк Руте не соопшти дали бројката од 5% е реална, со оглед дека дел од НАТО членките не успеаја да стасаат и до двата отсто од БДП, ветување дадено пред 10 години. Руте сепак застана во одбрана на Трамп дека европските земји премалку одвојуваат за одбраната во услови кога руската закана е постојано отворена.
-Многу луѓе „лелекаат“ и се жалат за Трамп. Јас ќе кажам не е проблемот Трамп, туку Европа. Бидејќи во Европа во моментов ние не трошиме доволно. Тој секогаш беше конзистентен и јасен со фактот дека ние сме под чадорот на САД и не плаќаме доволно и благодарение на него и неговиот прв мандат плаќаме повеќе. , изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.
Според последните податоци 23 од 32-те земји членки на НАТО успеале да го постигнат прагот од два проценти од БДП. Македонија е на горниот дел од листата со 2,22 и е на 11-то место. На врвот е Полска со 4,12, на дното е Шпанија со 1,28 %. Дел од аналитичарите се воздржани околу потенцијалната можност Трамп да го напушти НАТО. Сметаат дека европските земји сепак ќе мора да посегнат подлабоко во џебот, но оти барањето на Трамп е економски тешко остварливо и за побогатите нации.
-Некои земји, како Полска се веќе блиску од 5%, но за повеќето европски земји е потполно нереално. , Иан Лесер -германски маршалов фнд во САД.
Неодамна и министерот за одбрана Мисјаловски оцени дека прагот од 5 отсто за одбраната е невозможен и оти како држава би можела во иднина да направи обид да изводи до три проценти.