Свет

Во Аргентина трет генерален штрајк против политиката на претседателот

Во Аргентина денеска ќе се одржи трет генерален штрајк против политиката на претседателот Хавиер Милеи на повик на главниот синдикат во земјата.

Штрајкот ќе трае 24 часа и се очекува да ги парализира возовите, авионите, банките и училиштата. Штрајкувачите протестираат против буџетските заштеди кои ги најави Милеи.

За 16 месеци на власт, аргентинскиот претседател се соочува со трет генерален штрајк.

Протест денеска ќе има и пред парламентот, а веќе се зголемени безбедносните мерки во областа.

Во Аргентина, инфлацијата од 211 отсто за 12 месеци падна на 66 проценти. Сепак, сиромаштијата скокна на 52,9 отсто.

Иако довербата во Милеи е намалена, таа сега се движи околу 40 до 45 проценти.

Владата на Милеи вчера склучи технички договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за заем од 20 милијарди долари за рефинансирање на хроничниот долг на Аргентина. Останува Управниот совет на Фондот да го потврди договорот.

To top