АктуелноОхрид

СВР: 42 возачи на моторни возила кои, во и надвор од населено место, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената

На 13.04.2025, при контроли во патниот сообраќај извршени на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 42 возачи на моторни возила кои, во и надвор од населено место, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-10, Струга-11, Кичево-12, Дебар-09). Против нив, согласно одредбите од Законот за безбедност во патниот сообраќај, поднесени се прекршочни платни налози. Во наредниот период, контролите во патниот сообраќај ќе бидат интензивирани со цел, подигнување на сообраќајната безбедност и јакнење на сообраќајната култура кај возачите на моторни возила како учесници во сообраќајот.