06 Април, 2025
0.0317

Придобивка повеќе за корисниците на НЛБ haPPy, единствената кешбек картичка

Намалена каматна стапка на безготовински трансакции

Објавено во: Мои пари 02 Април, 2025 17:36

Добивај вести на Viber

Единствената картичка на пазарот со загарантиран поврат на средства со секоја направена безготовинска трансакција на продажно место во земјава и странство, и единствената картичка со која и кога пазарувате - заштедувате, во неколку месечниот промотивен период добива уште поголема вредност, овозможувајќи им на оние кои ја поседуваат опуштено пазарување и правејќи ја најдобриот пријател на нивниот џеб.

Имено, од почетокот на април па сè до 31 јули годинава, НЛБ Банка ја намалува каматната стапка на трансакциите направени со НЛБ haPPy картичката. Намалената каматна стапка која во промотивниот период изнесува 8,9% се однесува на сите безготовински трансакции направени со НЛБ haPPy картичката на ПОС терминали, но и при он-лајн пазарување.

За потсетување, НЛБ haPPy картичката е кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercardсо меѓународна важност која може да се користи секојдневно. Со НЛБ haPPy, за секоја трансакција направена на продажно место клиентите на Банката добиваат поврат на средства до 12% од износот на трансакцијата во рамките на партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити која брои преку 250 трговци и над 1.000 продажни локации,во повеќе од 25 различни дејности. Клиентите добиваат загарантиран cashback и надвор од партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити во висина од 0,6% од прометот реализиран на продажни места во земјата и во странство.

Програмата за лојалност ги обединува водечките трговски брендови во Македонија чиј продажен асортиман во најголема мера ги задоволува секојдневните потреби, па така сосема доволно е клиентот да ја поседува кобрендираната НЛБ haPPy картичка во својот паричник. Минималниот месечен износ за отплата на картичката изнесува 5% од вкупните доспеани обврски, а НЛБ Банка овозможува бескаматен грејс период за отплата на средствата до 45 дена.

Прочитајте повеќе на www.happycard.mk и аплицирајте за НЛБ haPPy картичките во која било од експозитурите на НЛБ Банка низ државата или во продажните салони на Нептун Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Иван Ивачковиќ: „Панонскиот адмирал“ е споменик на уметноста на Ѓорѓе Балашевиќ

Иван Ивачковиќ: „Панонскиот адмирал“ е споменик на уметноста на Ѓорѓе Балашевиќ

„Аџибадем Систина“ започна со инсталирање на нов апарат за зрачна терапија

„Аџибадем Систина“ започна со инсталирање на нов апарат за зрачна терапија

ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ: НОВО ВОЗИЛО ЗА БРЗА ПОМОШ ПОДАРЕНО ОД „ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ“, „АУТОМОТИВ ГРУП“ и „СОНИКС“

ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ: НОВО ВОЗИЛО ЗА БРЗА ПОМОШ ПОДАРЕНО ОД „ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ“, „АУТОМОТИВ ГРУП“ и „СОНИКС“

Традицијата продолжува - на Vivax Cool Day 2025, ПАКОМ ги претстави последните технолошки иновации

Традицијата продолжува - на Vivax Cool Day 2025, ПАКОМ ги претстави последните технолошки иновации

Samsung MicroLED TV: Врвно луксузно забавно искуство во домот

Samsung MicroLED TV: Врвно луксузно забавно искуство во домот

ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА ГО ПРЕТСТАВУВА НОВИОТ ЗЛАТЕН ДАБ АМБЕР – ПРЕМИУМ ЛАГЕР ПИВО СО 100 ОТСТО ЈАЧМЕНОВ СЛАД

ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА ГО ПРЕТСТАВУВА НОВИОТ ЗЛАТЕН ДАБ АМБЕР – ПРЕМИУМ ЛАГЕР ПИВО СО 100 ОТСТО ЈАЧМЕНОВ СЛАД

Посно и хранливо – Имлек Оаза напитоци од бадем и овес

Посно и хранливо – Имлек Оаза напитоци од бадем и овес

Finance Talks by EOS: Царините од САД ќе имаат индиректно влијание врз домашната економија – потребно е редефинирање на даночната и фискалната политика и потрага по нови пазари

Finance Talks by EOS: Царините од САД ќе имаат индиректно влијание врз домашната економија – потребно е редефинирање на даночната и фискалната политика и потрага по нови пазари

Михаел Кирш назначен за извршен директор на Porsche за Централна и Источна Европа, додека Ирина Каук ја презема одговорноста за Европскиот регион

Михаел Кирш назначен за извршен директор на Porsche за Централна и Источна Европа, додека Ирина Каук ја презема одговорноста за Европскиот регион