Спорт
Ивица Костелиќ затрупан од лавина – Хрватот преживеа нова драма

Најдобриот хрватски скијач на сите времиња, Ивица Костелиќ преживеа нова опасна ситуација. „24ur.com“, објави дека Ивица Костелиќ бил затрупан од лавина во Обертауерн, Австрија.
Се се завршило добро бидејќи според неофицијални информации Ивица Костелиќ и уште едно лице биле однесени со спасувачки хеликоптер. Наводно, еден од двајцата скијачи успеал сам да влезе во хеликоптерот, додека другиот бил ископан од под снегот.
Ивица Костелиќ е во Обертауерн, според словенечките медиуми, на скијање со семејството, односно со сопругата Ерин и четирите деца. Како точно се нашол затрупан од лавина се уште не е познато.
Познато е дека пред два дена австриските метеоролози предупредија на влошување на времето, а знакот за опасност од лавина го подигнаа на четири од максимални пет.
Да потсетиме, пред само три недели Ивица Костелиќ беше спасен од смрт во невреме кај црногорското крајбрежје од локалната морнарица, чии припадници успеаја да го лоцираат среде ноќ додека очајно се држеше за кајакот со последните сили.
Имаше уште една потенцијално опасна ситуација која Ивица Костелиќ успеа да ја надмине. Имено, пред осум години тој за малку ќе замрзнал на Гренланд додека ги минувал тамошните пространства на скии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Барселона не успеа да го победи Бетис

Во последниот натпревар од саботната програма од 30. коло на Ла Лига, Барселона и Бетис ремизираа 1:1.
Барселона пред натпреварот доби добри вести од Мадрид. Реал доживеа пораз од Валенсија (1:2) но не успеа да се одлепи на +6 од конкурентот за титулата.
Сепак, избраниците на Хансија Флик само делумно ја искористија својата шанса, бидејќи и со реми со Бетис ја зголемија предноста во поредокот на четири бода.
Сè започна брилијантно за лидерот. Феран Торес во седмата минута одлично го проигра Гави кој ја погоди малата мрежа за 1:0. Сепак, веќе во 17. минута Ло Селсо одлично нафрли од корнер, буквално го погоди Нејтан во главата кој изедначи на 1.1.
Барса очекувано доминираше, но не можеше да дојде до вториот гол. Имаше 76 отсто од поседот на топка, имаше повеќе удари кон голот 5:2, но не успеа да постигне уште еден гол и да освои три бода.
Нејтан можеше да ги шокира во 90.минута, кога неговиот удар од 25 метри Шчешни со крајни напори го исфрли во корнер.
Спорт
(Видео) Лука Јовиќ и ВАР спречија пораз на Милан

Тимот на Милан успеа да освои бод на домашен терен против Фиорентина иако имаше минус од два гола. Натпрвеварот на „Сан Сиро“ заврши 2:2.
Фиорентина на тој начин ја прекина серијата од два натпревари без победа, додека Милан по поразот од Наполи сега ремизираше со тимот од Фиренца.
Фудбалерите на Милан имаа очаен старт на натпреварот и по само десет минути игра резултатото беше 0:2.
Најпрвин автогол постигна Малик Чоу, кој при обидот да прекине додавање, несреќно ја испрати топката во сопствената мрежа. Во десеттата минута Мењан го совлада и најдобриот стрелец на Фиорентина, Моис Кен.
Милан успеа да ја намали предноста на Фиорентина до крајот на првото полувреме. Теми Ејбрахам со прецизен удар ја погоди „малата мрежа“.
Милан резултатото го изедначи со голот на Лука Јовиќ, негов втор на последните два натпревари. Јовиќ беше на теренот од 23. минута кога го замени индиспонираниот Јунес Муса.
До крајот на мечот дбата тима имаа неколку дбри панси, но голманите Мењан и Де Хеа блескаа со своите одбрани.
Фиорентина постигна гол во претпоследната минута преку Додо, но ВАР го поништи поради мал офсајд.
Спорт
(Видео) Мамардашвили: Се обложив со Вини во 50 евра дека ќе му го одбранам пеналот

Голманот на Валенсија, Георги Мамардашвили е херојот на сеозационалната победа на Валенсија во Мадрид над Реал (2:1).
Грузиецот потврди и дека е специјалист за пенали. Во 13. минута при резултат 0:0, Мамардашвили му одбрани пенал на Винисиус Жуниор. Валенсија победи со 2:1, со голот на Уго Дуро во 95.минута и ја оствари првата победа на „Бернабеу“ по 17 години.
По натпреварот голманот на Валенсија откри интересни детали поврзани со овој пенал.
„Се обложив со Вини во 50 евра дека ќе му го одбранам пеналот. Не ги ми даде парите“, изјави Мамардашвили.
Future Liverpool goalkeeper Mamardashvili saving ‘Ballon d’Or’ Vini’s penalty. pic.twitter.com/N5ggi9EsOu
— Samuel (@SamueILFC) April 5, 2025