Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за јануари 2025 година во Федерацијата БиХ изнесува 1.546 конвертабилни марки (околу 773 евра) и е номинално повисока за 8,3 отсто, а реално за 7,1 отсто во однос на претходниот месец.
Во однос на истиот месец од претходната година, просечната нето-плата за јануари 2025 година е номинално повисока за 15,5 отсто, а реално за 11,9 отсто.
Во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, најголем пораст на просечната месечна нето плата е забележан во Дејностите за сместување и услуги за храна (хотели и угостителство) за 28,1 отсто, дејностите уметност, забава и рекреација за 20,6 отсто и градежништвото за 17,3 отсто.
Намалување на просечната нето плата е забележано кај Финансиските и осигурителните дејности за 5,4 отсто.
Највисоки просечни нето плати во јануари 2025 година имаат вработените во Производство и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во износ од 2.191 KM и во Информациско-комуникациската индустрија во износ од 2.163 KM, објави Бизнис.ба.
Најмали нето приходи оствариле вработените во сместувачките и прехранбените дејности (хотели и угостителство) во износ од 1.077 KM и во Градежништвото во износ од 1.249 KM.
фото freepic