Британецот Греам Дот нема да учествува на претстојното Светско првенство во снукер, кое е закажано за 17 април, поради обвинувања за сексуална злоупотреба на деца. Според британските медиуми, го чекаат две одвоени судења поради обвинувањата за сексуална злоупотреба на момче и девојче, а жртвите се на возраст од по 10 години.
– Светската професионална асоцијација за билијард и снукер (WPBSA) го суспендираше Греам Дот, во очекување на сослушувањето во Високиот суд во Шкотска. Додека процесот е во тек, несоодветно е WPBSA да дава каков било коментар – се вели во кратката изјава од WPBSA. Дот стана светски шампион во 2006 година, кога со конечни 18:14 го победи Англичанецот Питер Ебдон.