(Видео) „Револверашка пресметка на Западот“, Едвардс 44, Морент 36

(Видео) „Револверашка пресметка на Западот“, Едвардс 44, Морент 36

пред 2 недели

Минесота Тимбервулфс, внесоа дополнителна неизвесност во инако неизвесната ситуациј а на табелата во Западната конференција со победата над Мемфис Гризлис со 141:125.

Тимбервулфс во возбудли и ефикасен натпревар ја постигнаа 47-та победа и се изедначија на табелата со Мемфис Гризлис и Голден стејт Вориорс.

Натпреварот го обележаа најдобрите играчи во двата тима, Ентони едвардс и Џа Морент. „Ент“ ја предводеше Минесота со 44 поени, 5 скока и 3 асистенции, додека Џулиус Рендл имаше 31 поен со 10 скока и 5 асистенции, Наз Рид додаде 14, Руди Гобер 13.

Во редовите на Мемфис, Морент постигна 36 поени, додека Дезмонд Бејн имаше 28 поени, 6 скока и 9 асистенции, Џерен Џексон забележа 23 поени.

На истокот се уште трае борбата за третата позиција се уште. Индјана со победата над лидерот Кливленд со 114:112 го обезбедија четвртотот мести и сега ја напаѓа третата позиција на Њујорк. Индијана Пејсерс опасно се доближија до Њујорк Никс бидејќи сега имаат 49 победи, а Никербокерс 50.

Тајрис Халибартон речиси имаше трипл-дабл со 23 поени, 8 скока и 10 асистенции, Арон Нејсмит имаше 22 поени и 6 скока, Џерес Вокер имаше 15 поени и 3 скока, а Матурин и Тарнер постигнаа по 13 поени.

Кливленд го предводеше Тај Џером со 24 поени, 2 скока и 6 асистенции, Деандре Хантер мечот го заврши со 23 поени и 11 скока, Крег Портер имаше 16, Сем Мерил 15, а Исак Окоро 13.

Share