Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

Од:

Претседателот на партијата Шас, Арие Дери денеска изјави дека Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници, дури и ако тоа значи да плати „висока цена“.

Сепак, како што наведе, тоа ќе се случи само доколку Хамас се согласи на „целосна демилитаризација на Газа, егзил на сите високи функционери и команданти на Хамас и формирање на нова влада за која претходно ќе биде договорена“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Дери додаде дека Хамас ги отфрлил тие услови.

„Повеќе од еден месец обезбедуваме целосна забрана за помош за Газа и немаме намера да ја обновиме“, рече Дери, додавајќи дека „ништо не влегува во Појасот Газа“.

Кога јавноста ќе почне да го чувствува притисокот на недостигот, „Хамас ќе биде принуден да се соочи со болно и фрустрирано население, кое многу добро ќе разбере кој е одговорен за нивната ситуација“, рече Дери.

Би можело да ве интересира

Најмалку 36 загинати во израелските напади во Појасот Газа

ВИДЕО: Израелски министер дојде на Јеил, демонстранти го гаѓаа со шишиња

Смотрич: Ако Нетанјаху не ја окупира Газа, неговата влада нема право да постои

Има ли таен договор за крај на војната во Газа: Хамас е подготвен да ја предаде власта за седум години мир

Израелската војска е обвинета за егзекуции на медицински работници во Појасот Газа

Горан Наумовски

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел