127 слободни места помалку за запишување на средношколци во велешките училишта

Објавено на 2 април, 2025 во 15:25

Во учебната 2025/2026 година во средните училишта во Велес според конкурсот на Министерство за образование и наука ќе можат да се запишат 735 ученици или 127 деветтоодделенци помалку во споредба со тековната година.

Во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ во прва година, во учебната 2025/26 година ќе се запишат 136 ученици во 4 паралелки. Тие ќе учат според наставни планови и програми за гимназиско образование. Поточно од вкупниот број 102 ученици во 3 паралелки ќе посетуваат настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански јазик. Петтата паралелка За упис на учениците во ова велешко средно училиште потребни им се минимум 60 поени. Инаку во споредба со тековната учебна година бројот на слободни места за упис е намален за 102 слободни места додека бројот на паралелеки за упис е помал за три.

Во прва година во средното училиште „Јовче Тесличков“ ќе се запишат за девет ученици повеќе во споредба со претходната година, поточно 127 кои ќе бидат распределени во 4 паралелки. Од нив, 93 ученици ќе следат настава на македонски јазик во 3 паралелки, а 34 ученици ќе имаат настава на албански јазик во 1 паралелка. Во рамките на секторот Економија, право и трговија, понудени се следниве програми: бизнис администратор, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг, Асистент деловен администратор и економски техничар.

Во Државното средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Коле Неделковски“ оваа година предвидено е да се запишат 295 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми. Во споредба со тековната година бројот на уписи е намален за 34 слободни места иако во Велес од страна на деветодоленците претходната година имаше голема заинтересираност за запишување во ова училиште. Годинава идните средношколци ќе може да избираат од секторите за машинство, електротехника и информатички технологии, сообраќај транспорт и складирање како и угостителство и туризам.

Во средното стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“ бројот на ученици за запишување во прва година останува ист како и во претходната, поточно има 177 слободни места распоредени во 6 паралелки со настава на македонски јазик. Во ова училиште идните средношколци ќе имаат можност да избираат помеѓу секторите Хемија и технологија, здравство и социјална заштита како и лични и други услуги.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.