• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Барселона го победи Атлетико и се пласираше во финалето на Кралскиот куп

Барселона го победи Атлетико и се пласираше во финалето на Кралскиот куп

Мадрид, 3 април 2025 (МИА) - Барселона синоќа на гостински терен со 1:0 го победи Атлетико Мадрид во реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Шпанија.

Стрелец на единствениот гол беше Феран Торес во 27. минута по асистенцијата на Ламин Јамал.

Првиот натпревар заврши нерешено (4:4), па Барселона се пласираше во финалето.

За трофејот каталонскиот тим ќе се бори со Реал Мадрид кој во полуфиналето беше поуспешен од Реал Сосиедад. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан