Фото: Shutterstock.com

Промени во политиките на платформата за рекламирање која Google ја објави во декември 2024, а ќе почнат да важат од овој месец, покажуваат дека од компанијата изгледа сакаат да овозможат поголемо следење на корисниците. 

Вакво нешто секако е очекувано од компанија која најголемиот дел од своите приходи ги прави од продажба на реклами, а од истите повеќе се заработува кога е овозможено точно таргетирање на корисниците според нивните интереси. 

Од компанијата сега се обвинети дека повторно овозможуваат користење на техниката наречена „fingerprinting“, нешто против кое повеќе пати имаат искажано негативен став. 

Од Google промените кои ги објавија ги промовираат како такви кои им овозможуваат на огласувачите да ги таргетираат корисниците на повеќе уреди, а посебно се истакнува зголемувањето на популарноста на поврзаните телевизори. IP адресата се истакнува како еден од начините за следење во рекламни цели, а од компанијата истакнуваат дека тие тоа го овозможуваат преку технологија која ја зачувува приватноста. 

Критики за најавените промени дојде и од Канцеларијата на Комесарот за Информации на Британија, од каде промените директно се нарекуваат „fingerprinting“. 

Користењето на техниката „fingerprinting“ се смета како тешка за блокирање, а истата ги користи информациите како IP адресата, хардверот на корисникот, резолуцијата на екранот и слично, за да го препознае корисникот и со тоа да му прикажува конкретни реклами. 

Google веќе се откажа од планот да ја тргне поддршката за колачиња од трети страни, после години на одложување на процесот, па изгледа е јасно дека компанијата која живее од реклами, ќе направи се што може истите да продолжат да функционираат како што треба. 

ИЗВОРBGR
Претходна статијаApple го претстави iPhone 16e заедно со Apple C1, првиот 5G модем од компанијата
Следна статијаКомпанијата Vivacom во сопственост на United Group е меѓу првите 5 најбрзорастечки даватели на сателитски услуги за компании во светот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.