ВИДЕО: Еланга му покажа на Јунајтед дека вреди и го порази во „шумата“

Екипата на Нотингем Форест останува меѓу најдобрите во Премиер лигата, со домашна победа над Манчестер Јунајтед (1-0) кој има сезона за заборав и е во средината на табелата, со скоро минимални шанси за место во еврокуповите.

„Ѓаволите“ се загубија во „шумата“ благодарение на поранешен играч на клубот. Единствен стрелец во премиерлигашката пресметка беше Ентони Еланга, кој играше за тимот од Манчестер во 2023 година, но не доби шанса и беше продаден. Тој погоди во 5. минута и тоа беше единствениот гол.

  • Извештај од натпреварот:

Имаше уште многу шанси да видиме голови и во двете мрежи и над 20 шута, но голманите не дозволија да се тресат мрежите. Нотингем Форест е третопласиран на табелата и продолжи да го брка Арсенал. Целта е секако пласман во Лигата на шампионите.

Во следното коло Нотингем Форест игра против Астон Вила, додека Манчестер Јунајтед го чека градски дуел против Манчестер Сити.