Обвинение против таткото на Васил Јованов кој смртно ја прегзи Фросина Кулакова
Таткото на Васил Јованов, возачот кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, доби обвинение за кривично дело - Предизвикување општа опасност.
Како што информираат од Обвинителство, тој повеќе од 2 години му го давал возилото на својот син иако знаел дека нема возачка дозвола и е сторител на повеќе сообраќајни прекршоци .
- Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази од кои произлегува дека обвинетиот, во периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, свесен дека поради неговите сторувања можат да настапат штетни последици, а сепак лекомислено сметал дека тие нема да настапат. - OJO.
Инаку, скопското обвинителство минатата недела поднесе обвинение и против Васил Јованов. Тој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Претходно Јованов беше правосилно осуден од Апелационен суд на 3 години и 10 месеци затворска казна за дилање дрога.