Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј продолжуваат со победничката серија, победа над Јанта во Битола (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Јанта Волеј Бутел 3:0

(25:19; 25:11; 25:09)

Одбојкарките на Пелистер Волеј во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола ја победија екипата на Јанта Волеј Битола, во натпревар во кој одиграа сигурно и рутински. Победа на Пелистер во 15. редовно коло е само нов чекор кон целта, пласман во Првата лига.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски за овој натпревар рече:-Целиот ростер беше вклучен во победата над скопската екипа, а освен во релативно слабиот прв сет, девојките одиграа супериорно во вториот и третиот.

За жал на двете екипи на натпреварот имаше две повредени ракометарки, за што Митковски додава:-Црна дамка е повредата на два играчи една одбојкарка од редовите на Јанта Бутел која се здоби со повреда на скочен зглоб уште во раната фаза, додека пред самиот финиш на натпреварот Пелистер остана без Антонија Стојковски една од најперспективните одбојкарки која во континуитет е во нагорна линија, а на мечот се пожали на болки во коленото, но најверојатно не се работи за посериозна повреда. 

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »