Пошумување на ерозивни подрачја во кавадаречко
28-03-2024 РЕГИОН

Изминатите две и оваа веќе трета година се пошумува на локалитетот Глишички рид, каде беа посадени досега 15.000 садници. Во ова пролетно пошумување, ќе се посадат уште 2.500 садници на багрем, а на есен се планира помасовно садење од 5.000 садници. Вклучени се вработени од одделението за животна средина, инспекциското одделение и Мој Општинар. Сите средни училишта, претежно средното шумарско училиште кое што изведува и практична настава паралелно, и невладина Еко Живот со нивни волонтери.

ЈП Комуналец и Мој општинар, неуморно работат на тоа Кавадарци да биде континуирано чисто, зелено и убаво! - велат од локалната самоуправа.


Додади коментар