• среда, 23 април 2025

Љутков во работна посета на Гостивар

Љутков во работна посета на Гостивар

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со заменик-министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, денеска ќе престојуваат во работна посета на општина Гостивар.

Како што најавија од Министерството за култура и туризам, Љутков и Сулејмани ќе ги посетат институциите од областа на културата како и повеќе објекти кои се дел од значајното културно наследство на Гостивар. Станува збор за Беговата куќа, Куќата на Ахмед Чако, Саат кулата, Медресето, црквата „Св. Димитрија“ и Старата џамија во Равен.бт/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан