Економија
ГЕРМАНИЈА ВЛЕГУВА ВТОРА ГОДИНА ВО РЕЦЕСИЈА, ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ПОМАЛКУ ТРОШАТ!
15.01.2025
Германската економија втора годна по ред се наоѓа во рецесија, објави Сојузниот завод за статистика во Визбаден, врз основа на привремените податоци за минатата година. Бруто националниот доход во 2024 година е намален за 0,2 отсто. Ова е втора година за германската економија со намелен раст, откако во 2023 забележа намалување за 0,3 отсто.
- Конјуктурните и структурните проблеми и во изминатата година го спречуваат поволниот економски развој, се заклучува во извештајот на статистичкиот завод во Германија.
Во овој извештај се истакнува растечката конкуренција за германските извозници на поважните пазари во светот, високите цени на енергија, високите камати, како и несигурните економски предвидувања, пренесува „Сеебиз“.
Слабата домашна потрошувачка е една од причините за слабата економија. Потрошувачката е зголемена за скромни 0,3 отсто.
- Многу граѓани пореди општата несигурност се одлучуваат на штедење отколку да трошат иако реалните плати се зголемени, појаснуваат статистичарите.
фото freepic