Депонијата „Буково“ повторно чади - активистите повикуваат на итни мерки
Депонијата Буково повторни чади, отпадот е запален на повеќе локации, а жителите на селата кои гравитираат околу неа секојдневно праќаат застрашувачки фотографии од загадувањето алармираат активистите од здружението" Збогум Буково".
Бараат општината да започне со мерките за да се спречи спалувањето и испуштањето отровни материи во воздухот, водата и почвата на целиот регион.
Трајното решение вели Карашова е изградбата на регионалната депонија и целосно затворање на ваквите нестандардни депонии. Но иако проектот е финансиски одобрен од европските фондови и домашните институции граѓаните од Битола не го прифаќаат и ги продолжуваат протестите пред општинската зграда каде гласно велат НЕ за нов загадувач во Пелагонија.
Министерството за животна средина објаснува дека депонијата во Новаци ќе треба да биде изградена до 2027 година, за што е обезбеден заем од Европската банка за обнова и истата ќе биде по светски еко стандарди. Регионалната депонија е предвидено да биде изградена на девастирано/оштетено земјиште кое со ваквото искористување ќe даде бенефит и за населението и за животната средина. На депонијата ќе завршува најмногу до 50 % од отпадот што се генерира од сите општините, бидејќи регионалниот систем предвидува примарна селекција на отпадот што може да се рециклира и што ќе заврши во инсталации за преработка.
Сепак на последната седница на Советот на Битола, советниците едногласно го изгласаа предлогот да побараат од Владата измена на локацијата за регионалната депонија.