Камавинга донесе триумф за Реал против Алавес

Реал Мадрид успеа да слави на гости против Алавес со 0-1 и барем далумно да се рехабилитира за поразот од Арсенал во ЛШ. Сега Кралевите повторно заостануваат четири бода зад лидерот Барселона на врвот на табелата во Ла Лига.

Победничкиот гол за Реал Мадрид беше дело на Едуардо Камавинга во 34-та минута.

Сепак, само четири минути подоцна Килијан Мбапе доби директен црвен картон, а тоа значеше и проблеми за тимот на Карло Анчелоти.

Во второто полувреме и Алавес остана со фудбалер помалку откако во 70-тата минута поцрвене и Ману Санчес. На крајот, Реал успеа да стигне до минимален триумф.

- Оглас -

Најнови вести