Press "Enter" to skip to content

ПСЖ со заслужена победа во Битола, посилен од Еурофарм Пелистер (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – ПСЖ 26:35 (13:18)

Вечерва во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски“ загубија од францускиот првак ПСЖ во натпревар кој ништо не менуваше на табелата, туку едноставно се играше за чест пред својата публика за крај на учеството во оваа сезона во Лигата на шампиони. Од “другата страна“ на ПСЖ му беа потребни бодовите во битката за второто место, кое за жал и покрај победата не му помогна.Еурофарм Пелистер загуби од ПСЖ  со резултат 26:35 и завршија со три победи, две ремија и девет порази во 14 одиграни натпревари.Отворањето на натпреварот беше во знак на ПСЖ кој поведе со 1:4, па беше 3:7. Цело време ПСЖ имаше плус од три до четири гола, се до финишот на првото полувреме кога тимот на Гонзалез остана со двајца играчи помалку, а Еурофарм Пелистер тоа го искористи и со серија од три гола дојде на 10:11, дојдоа од 7:11 со серија од 3:0. Домаќините можеа и да израмнат, но капитенот Кузмановски не успеа да реализира, па гостите ја искористија шансата и зголемија на 12:10 во 20. минута. Гол за гол се играше до 12:13, а потоа ПСЖ се одлепи на 12:16, а до паузата беше 13:18.Вториот дел за фаворитот беше само рутина, Еурофарм Пелистер можеше да загуби и поубедливо но ПСЖ  шест минути не постигна гол, а одлично бранеше Филип Ивиќ. “Пелистерци“ на почетокот од второто полувреме намали на 20:17, а до крајот ПСЖ имаше предност 26:19 во 45 минута, а на крај 26:35.Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со 7 гола, Пешевски со 4, а кај ПСЖ, Пранди постугна 8, Јахја 5 гола.

Фото: Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »